По 50 години, се менува азбестниот кров во ООУ ,,Ѓорче Петров‘‘ во Дексион

Започна промената на кровот на ООУ,,Ѓорче Петров‘‘ во населбата Дексион. По 50 години, се вадат азбестните плочи и се поставува нов енегретски ефикасен кров на површина од 3660 метри квадратни.
Новиот кров ќе обезбеди висок степен на енергетска ефикасност со што конечно ќе се реши прблемот со постојниот азбестен кров кој директно влијае врз здравјето на децата и вработените во училиштето.
При изведба на градежните работи, запазени се сите процедури за безбедност при работа. Отклонувањето на азбестните цементни плочи се врши со посебна процедура, а истите потоа се депонираат во депонијата Дрисла.
Со новиот енергетски ефикасен кров ќе се заштеди енергија, ќе се намалат трошоците за загревање , ќе се обезбеди поволна клима за работа.
Општина Ѓорче Петров во рамките на своите надлежности, посветува особено внимание за развој и непречено одвивање на воспитно-образованиот процес и преку Министерството за образование и наука успеа да донесе уште една капитална инвестиција на своја територија.
Според договорот, градежните работи треба да финишираат за 3 месеци.
Во ООУ ,,Ѓорче Петров ‘‘ настава следат 350 ученици, од речиси сите етнички заедници, македонци, албанци, роми, бошњаци, срби, хрвати.