По 37 години, ООУ Јоаким Крчовски ќе добие училишна спортска сала

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски,  присуствуваше на одбележувањето на 37 годишнината од основањето на ООУ ,,Јоаким Крчовски”-Волково.

Образувањето на идните генерации е столбот и движечка сила  на една држава. Моќта на една демократија доаѓа од знаењето, кое се стекнува преку описменување и учење на нашите деца.

Во историјата на секој народ постојат личности кој во текот на својот живот оставиле белег со своите дела,  ги поставиле вредностите по кој ќе се движат идните генерации. Без сомнение и со полно право во групата на овие великани го вбројуваме и просветителот Јоаким Крчовски.

Низ него поминале и се образувале илјадници ученици, во него работеле стотици просветни работници кои се погрижиле за писменоста а да не го заборавиме техничкиот и админситративен пресонал кој ја одржува фукнкционалноста на училиштето.

Ова училиште за жал, е еднинственото во општината кое нема спортска сала. Токму и затоа сме тука, посветено да работиме за подобрување на квалитетот на образованиот процес. Во соработка со Министерството за образование влегуваме во процедура на изградба на училишна спортска сала. По 37 години, конечно оваа година ќе биде отпочната но и изградена спортската сала која ќе биде целосно опремена за реализација на повеќе спортови како мал фудбал, ракомет, кошарка, одбојка, гимнастички вежби, пинг понг, изјави Наумоски.

Околу  400 ученици од ова училиште  ќе можат достојно да ги реализираат часовите по спорт и спортски активности, а салата ќе можат да ја користат и по завршување на часовите, исто како и сите жители на околните населени места.

Остануваме посветени на образованието и во создавањето  на здрави и силни генерации, на младите ѓорчепетровци  им го отстапуваме просторот , гордо да не претставуваат низ светот заврши Наумоски  на одбележувањето на патрониот празник на ООУ Јоаким Крчовски.