По многубројни барања претходно, завршена ул.”Лука Геров” бр.5

Завршена е реконструкцијата на улицата “Лука Геров” бр.5 во Даме Груев. Жителите во многу наврати, претходно, поднесувале барања во општината за да им се излезе во пресрет, но досега немало конкретни чекори.
Повторно на нивно барање, овојпат експресно, службите на општина Ѓорче Петров излегоа на терен да го решат нивниот долгогодишен проблем. Поставувањето бехатонски плочи заврши за неколку дена, со што улицата е адаптирана за користење.