Почнува изведбата на Колектор за атмосферска и фекална канализациона мрежа на ул. Радушка

Стартуваме со еден од најкапиталните проекти за годинава. Изградба на колектор за атмосферска канализациона мрежа и колектор за фекaлна канализациона мрежа на улица ,,Радушка” . На неа ќе биде поврзана секундарната мрежа на улиците над пругата и сите улици кои гравитираат на потегот на ул. Радушка-Црногорска.
Паралелно ќе се изведуваат и градежните работи за дислокација на водоводната цевка Ф-400 на потегот од гробиштата до кружниот тек кај црквата Св. Петар и Павле. Цевката во моментов е под постоечки објекти во у.з. Мирче Ацев а ќе биде дислоцирана на потегот долж улицата ,,Радушка”.
Најдоцна до 8 април ќе започнат градежните работи за изградба на атмосферската мрежа на Крак 1 и Крак 3 во вкупна должина од 920 метри. При изведбата ќе се изработат и приклучоци за атмосферската канализација за споредните улици.
Според договорот, колекторот треба да биде завршен за 4 месеци, а финансиската рамка е речиси 10 милиони денари, пари обезбедени преку Светска Банка.