Почнува асфалтирањето на ,,Новопроектирана” во ДУП ,,Спортски терени”

По отворањето на сезоната на асфалтните бази, општина Ѓорче Петров стартува со градежните работи.

Денеска бев на увид на веќе започнатите активности во комплексот на зградите во ДУП ,,Спортски терени” кои  добива финална инфраструктурна пристапност.  Согласно договорот од јули минатата година, откако се расчистија сите препреки со земјиштето, и се надминаа затекнатите оперативни проблеми, продолжува изградбата на ,,Новопроектирана” и улиците 4, 5 и 6, изјави градоначалникот Александар Наумоски, при теренската посета.

Ќе се асфалтира во должина од 400 метри, улиците ќе бидат широки 6 метри а ќе се постават и тротоари од двете страни во ширина од 2,25 метри. На  асфалтирањето му претходи поставување на водоводна, атмосферска, фекална и електрична инсталација.

На терен работите се во полн ек, очекуваме до крајот на јуни да финишира изведбата на ,,Новорпоектирана”, вели Наумоски.

Општината ги завршува обврските кон инвеститорите и станарите.