Почнувајќи од утре, фудбалот и фудбалското дружење во фокусот во 21 општина во Македонија

Најважната споредна работа на светотот ,,фудбалот” станува примарна во училиштата. Од најмала возраст ги насочуваме децата кон спортот, создаваме здрави навики и љубов кон фудбалот. Веќе втора година сме дел од проектот на UEFA „Фудбал во училиште“ за ученици од 6 до 10 години. Ги вклучуваме и девојчињата во фудбалот. Утре започнува турнирот на општинско ниво во спортската сала „Христо Батанџиев“од 10:30-13:00 часот.
Ги покануваме родителите на учениците, бабите и дедовците и сите останати кои сакаат да ги проследат спортските настани да дојдат да им дадат подршка на учениците. Благодарност до ФФМ и ФУСМ што ни овозможија нашите ученици веќе втора година да учествуваат во овој Проект, а задоволството и возбудата кај учениците неможе да се опише со зборови!
Веруваме во нашите ученици, и се надевам дека ќе го повторат минатогодишниот успех -прво место на ниво на држава.