Почна пролетната дератизација

Општина Ѓорче Петров почна со спроведување на редовната дератизација и дезинфекција на територија на општината.
Со пролетната дератизација ќе бидат опфатени 2.500 шахти на фекална и атмосферска канализација, како и подрумските и тавански простории на сите шест основни училишта во Ѓорче Петров, и двете подрачни “Димитар Поп Георгиев Беровски” во Хром и “Јоаким Крчовски” во с.Никиштане.
Работите ги изведува “Зотокс ДООЕЛ”-Скопје.