Почна дистрибуција на хуманитарни пакети до домови каде е потребна помош

Општина Ѓорче Петров во соработка со неколку фирми обезбеди прехранбени продукти, маски, ракавици, визири и хигиенски средства кои веќе почнаа да се дистрибуираат до домовите каде живеат социјално загрозени семејства или лица и каде е најпотребна помош.

Стокомак“, „Тинекс“, „Даути комерц„, „Сељис“, „Кадино“, „Црвен крст“, „Галафарм“, „Америт“, „Бис оил“ и дисконт „Кики“ покажаа голема хумана страна и општествена одговорност. Хуманоста во моменти кога навистина некому му е потребна помош е вистински чекор. Ги повикуваме сите кои се во можност да го сторат истото.

Контакт телефон 02 20/44-411.