Почиста општина само со казни. Принудени сме да ја санкционираме несовесноста на граѓаните за чиста животна средина

Комуналните редари почнаа со двосменско работење.
Во одвоени акции на општинските комунални редари и редарите на Град Скопје во изминатите два дена изречени се 10 мандатно-имунитени казни.
Ќе се санкционира секое прекршување на Законот за јавна чистота кој предвидува забрана за фрлање и оставање градежен шут на јавните површини, фрлање и оставање различни видови отпадоци, оставање стари предмети од домаќинство, палење, закопување и уништување отпад, продавање на земјоделски производи на јавни површини, како и многу други одредби што граѓаните ги прекршуваат.
Уште еднаш апелираме на совесност, за да не бидеме принудени да изрекуваме казни.