Почеток на атмосферската канализација во Дексион

Стартуваме со изведба на еден од најкапиталните проекти за годинава: изведба на колектор за атмосферска канализациона мрежа во Дексион.

Во тек се градежните активности на улицата ,,Кузман Шапкарев”-Крак 3. Во наредните 4 месеци ќе се работи и на Крак 1, улица Радуша-Црногорска во должина од 920 метри , а на овој потег ќе биде спроведен и времен сообраќаен режим.

Со изградбата на оваа мрежа  ќе се подобри одведувањето на атмосферските води од овој дел на општината и ќе се реши деценискиот проблем на  жителите во Дексион.

Финансиската рамка е 10 милиони денари, пари кои општината ги обезбеди преку кредит од Светска Банка.