Потпишан Договор за соработка со Црвен Крст на РСМ- ОО Карпош

За прв пат општина Ѓорче Петров ја официјализира соработката со Црвен крст. По долгогодишната работа, денеска беше потпишан Меморандум за соработка со претставниците на Црвениот крст на РСМ-општинска организација Карпош.  Се обврзуваме на хумана мисија, меѓусебна поодршка и соработка во интерес на граѓаните, истакна градоначалникот Александар Наумоски при денешното потпишување.

За да ги оствариме претстојните задачи и цели ќе формираме  огранизациони единици преку мобилизирање на членство и вклучување на волонтери, рече маре Кочоска, секретар Црвен крст на ОО Карпош.

Целта на Меморандумот е пред се локалната самоуправа и Црвениот крст да бидат  подготвени за наврен одговор на современите предизвици. Да се обезбеди координација во делувањето за реализација на програми и проекти од надлежност и интерес на двете страни од обалста на здравствено-превентивната дејност, прва помош, социјално-хуманитарна дејност, крводарителство, дисеминација, делување во слулчај на катастрофи и природни непогоди, едукација на млади, обука, организирање и интегрирање на младитево работата на Црвен крст.