Поставување на бехатон, тампон и гребен асфалт во руралниот дел од општината

Започнува сезоната на рехабилитација и санација на улиците со бехатон плочки во руралниот дел од општината.

Во моментов се поставува бехатон на три крака од улица 81 во село Волково во должина од околу 600 метри. Со поплочувањето се олеснува пристапот до домовите на жителите на овие улици, за кои претходно, со години наназад, не се нашло соодветно решение.

Истовремено ќе се санираат повеќе улици со поставување на тампон и гребен асфалт со што ќе ја подобриме инфраструктурата во руралниот дел од општината.

Средствата зе санација на улиците се обезбедени од општинскиот буџет предвидени со програмата за 2019 година.