Поставување на атмосферска канализација на улица Радушка

Општина Ѓорче Петров продолжува со изведба на атмосферската канализација во населбата Дексион.
Стартува изработката на подземната инфраструктура на улица ,,Радушка‘‘ фаза II. Се поставуваат цевки Ф-400 во должина од 400 метри на потегот од последна 5-ка до крстосницата кај гробиштата во Ѓорче Петров. Ќе се изведуваат подземни работи во длабочина од 2,4 метри до 1,7 метри.
Со изградбата на оваа мрежа ќе се подобри одведувањето на атмосферските води и ќе се реши деценискиот проблем на жителите во Дексион. За реализација на овој проект општина Ѓорче Петров обезбеди буџет од 2.400.000 денари
Претходно, во првата фаза беше изведена должина од 980 метри атмосферска канализациона мрежа на ,,Црногорска‘‘ и на улица ,,Кузман Шапкарев‘‘.
Со општински средства асфалтирани се 550 метри, а наскоро преку Министерството за транспорт и врски ќе почне со поставување на асфалтна подолога и на улица ,,Кузман Шапкарев‘‘.
Поради изведување на градежни работи ќе има и времен сообраќаен режим.