Поставено улично осветлување на улиците 4, 5 и 6 во ДУП „Спортски терени“

Со ставање во функција на уличното осветлување, се заврши последната фаза од уредувањето на комплексот згради покрај Вардар веднаш до игралиштето ,,Македонски лавови”.

Жителите на овој дел од општината добиваат модерно, енегретски-ефикасно ЛЕД осветлување.

Претходно, поставена е атмосферска, канализациона и водоводна мрежа и асфалт во должина од 400 метри. Со завршување на комуналните работи, општината доби уште еден модерен кварт за живеење за чија реализација се одвоени околу 12.500.000 денари.