Поставена нова бехатонска патека на патот кон Кондово

Службите на општина Ѓорче Петров деновиве работеа на поставување нова бехатонска патека на улицата “Панајот Гиновски” – пат за Кондово (преку пруга).

Бехатонската патека која е предвидена со годишнот план за работа е во должина од 100 метри. Општинските служби продолжуваат и во летниот периот да работат интензивно и во интерес на граѓаните на Ѓорче Петров.