Посета од неколку европски земји во рамки на Еразмус плус програмата

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски денеска беше домаќин на претставници од училишта во Романија, Полска, Грција и Италија кои престојуваат во работна посета на ООУ „Мирче Ацев“ во рамки на проектот „Привлечни училишта- среќни ученици – подобар живот“, финансиран  во рамки на Еразмус плус програмата на ЕУ.

Задоволство е да се слушнат искуствата како учениците и наставниците од овие земји ја споделуваат традицијата и културата на тема „Божиќ во Европа“ преку работните посети на секоја од тие држави.

Општината четири години е корисник на програмата. Остануваме фокусирани по пат на размена на меѓународни искуства преку студиски посети во европските земји на учениците и наставниците да го подигнуваме нивото на наставата.