Посета на министерот Бочварски на општина Ѓорче Петров

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ја посети општина Ѓорче Петров. Оствари работна средба со градоначалникот Александар Наумоски и заедно во Домот на култура поделија 30-тина решенија за легализација.

Соработката на локалната со централната власт е од исклучително значење за развојот на општеството. Улиците „Антон Кецкаров“ и „Кузман Шапкарев“ наскоро стартуваат со работа. Средствата ги обезбеди Министерството за транспорт и врски. Во моментов се изведуваат и 8 километри фекална мрежа во руралниот дел на општината со поддршка на ресорното министерство.

На работната средба се даде акцент на новиот Клинички центар, изработката на проектот за инфраструктура, а истовремено даваме и апел да се одблокира целиот прокет кој е закочен од опозицијата во Собранието. Станува збор за најголемата гринфилд инвестиција која досега ја имала оваа земја. Како општина со скромен буџет голема помош имаме од Министерството особено во делот на изведба на фекалната мрежа и преку „Македонија пат“ за изведба на улици во руралниот дел на општината, како и за најгорливот проблем, а тоа е легализацијата.

Поделелени беа 30-тина решенија за легализација. Остануваат уште 22 проценти на нерешени предмети. Наумоски нагласи дека легализацијата мора да продолжи и оти секој подносител заслужува легализација на својот дом.

Од вкупниот прој на предмети или 12.500 во Ѓорче Петров нереализирани се 22 проценти. Им напоменавме на граѓаните за тие кои не успеале да стигнат навреме, заради сложеноста на предметите, во тек е носење нов закон кој е во собраниска процедура. Закочен е од опозицијата. Во таа насока, градоначалникот истакна дека не е време за партиски интереси, време е сите да работиме во интерес на граѓаните.