Поптпишан меморандум за соработка помеѓу општина Ѓорче Петров и Дарис инженеринг

Продолжуваме со грижата за младите преку создавање на квалитетни политики и мерки што им го олеснуваат животот. Денеска во просториите на Домот на културата со Петре Ристески-Дарис инженеринг, општината отпочна соработка преку која ќе им се нудат совети и информации за отворање старт-ап компании и аплицирање на повици за претприемништво и самовработување.
Локалната самоуправа очекува Центарот за иновации и претприемништво, лоциран во Домот на културата да ги мобилизира младите по активно да се вклучат во бизнис секторот зголемувајќи го економскиот просперитет и развој во општината.
Голема благодарност до Петре, кој се обврза дека во општината ќе биде поставена првата аеропречистителна кула и три громобрански фаќачи, негови иновативни решенија одобрени од ФИТР.