Повторно се работи на асфалтирање на 33-те улици во Волково и Кисела Јабука

По кратка пауза, општина Ѓорче Петров ја продолжи подготовката пред асфалтирање на 33-те улици во Волково и Кисела Јабука. Очекуваме наскоро завршница на овој голем проект, со кој ќе ги решиме долгогодишните проблеми на тамошните жители поврзани со тешко движење и сообраќање по улиците, како и собирање вода и кал во врнежливи денови.
Во меѓувреме, офанзивно работиме и на уредување и на други улици кои ги затекнавме во лоша состојба, а не се дел од овој проект, како што се крак од улицата 8 во Кисела Јабука и од 81 во Волково, кои веќе се завршени или на дел од нив, се поставуваат бекатон-плочки.