Повторно на училиште!Нов почеток за нови успеси! Започна новата училишна година.

Училиштата повторно ги отворија вратите за учениците. Септемвриското ѕвонче за прв пат го слушнаа и 390 првачиња во општина Ѓорче Петров.

Овој ден е посебен за нив, иако несвесни сепак испишуваат една нова страница од нивниот живот. Деветгодишно образование каде ќе ги поминат најубавите мигови од детството, ќе се стекнат со знаење кое подоцна ќе ги направи врвни програмери, инженери, правници, економисти, доктори…Тука  и ќе градат пријателства кои ќе траат цел живот.

Градоначалникот Александар Наумоски присуствуваше на првиот училишен час во ООУ,,Тихомир Милошевски” во с.Ново Село.

– Морам да признаам дека јас а се надевам дека и сите родители  секојдневно се изненадуваме од нашите деца, од нивните знаења,  толку мали а толку возрасни. Сите се умни глави. Во нив се кријат силни таленти а порака до  наставниците е да ги откријат и сите нас да не направат горди.

Нова етапа во животот во Ѓорче Петров започнува за 383 првачиња. Пред мене се 53 дечиња кои за прв пат ќе седнат во училишните клупи. Ве очекуваат уште многу први нешта, првата научена буква, првиот број, првиот напишан збор, првата песничка… Од ден на ден ќе бидете сè побогати со знаења, а тие знаења ќе ви отворат многу врати во вашиот живот, истекна Наумоски.

Вие сте нашата  иднина а ние имаме очекување од Вас!

Натерајте не да се гордееме со вашите успеси!

Утре училиштата продолжуваат со настава, а во основно училиште Мирче Ацев ќе се оствари прием на првачиња.