Повторно мото-крос трки на патеката во Орман

Со помош од општина Ѓорче Петров, адаптирана е за повторна употреба патеката за мото-крос во Орман. Истата е подготвена за трки по највисоки и модерни стандарди, со широчина од шест и должина од 1.500 метри.

Првпат после три години, во недела во Орман ќе се одржи и трка со мото-крос во организација на мото-клубот “Вардар”. Општината останува на страната на спортот и спортските клубови. Продолжуваме силно да се залагаме за помош и заживување на спортските активности и настани во нашето Ѓорче.