Повик за сместување на волонтери од Peace Corps

Почитувани сограѓани и пријатели,

Во текот на оваа година се очекува нова група на волонтери од САД коишто ќе работат на програмата за унапредување на наставата по англиски јазик и развој на заедниците.Повикот е отворен за сите средни и основни училишта, општини, граѓански здруженија и центри за лица со посебни потреби.

Волонтерите би биле сместени во семејства домаќини од нашата заедница најмалку 6 месеци (потенцијално две години ). Потенцијалните семејства-домаќини треба да бидат отворени и расположени да ги споделат својата култура и домот со волонтерот и да го прифатат како член од своето семејство.

Семејствата-домаќини ќе бидат посетени за да се утврди дали ги исполнуваат критериумите за сместување.

Критериуми за сместување : соба со кревет со душек, работна маса, стол и гардеробер, греење во собата, прозорци кои добро се затвораат, врата со клуч, пристап до тоалет и бања, бојлер во бањата, пристап до кујна и елементи за готвење.Сместувањето да биде најмногу 30 минути пешачење до работа, во безбеден дел од заедницата и во почитувано семјство од доверба.

Семејството ќе добива 8,000 денари месечно како надомест за греење, електрична енергија и др. Ако куќата има посебен кат за волонтерот со пристап до кујна и бања тогаш надоместот е 9.500 денари. Волонтерите дополнително ги покриваат трошоците за интернет и храна.

Заинтересираните семејства да се  пријават најдоцна до 5-ти април 2019 година кај директорот на најблиското основно училиште или во општина Ѓорче Петров на Снежана Меновска на тел. 071 232 994, email- s.menovska@opstinagpetrov.gov.mk .