Повеќе средства за развој на руралните општини во 2018 година

Средствата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој да се зголемат повеќекратно и при распределбата, предност да имаат општините со седиште во село.
Ова е барање на градоначалниците на руралните општини кое беше изнесено пред надлежните од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Според ресорното Министерство, во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година, акцентот е ставен на поддршката за капиталните инвестиции во руралните средини. Меѓудругото, предвидени се инвестиции во патната инфрастуктура, водоснабдителни и канализациони системи, модернизација на постојните пазари за жив добиток и изградба на домови за деца и млади.