Пливачката Миа Крстевска на Летни младински олимписки игри

Општина Ѓорче Петров продолжува со континуирана поддршка и помош за нашите спортски таленти и клубови. Гордоста на Ѓорче Петров, пливачката Миа Крстевска од 6-ти октомври ќе ја претставува Република Македонија на третите Летни младински олимписки игри кои ќе се одржат во Буенос Аирес-Аргентина.
Миа е државен рекордер и настапува во дисциплините 100 и 200 метри грбно. Конкуренцијата во Буенос Ариес е огромна-4.000 спортисти од 206 држави во светот, но мотивацијата на Миа е голема.
И посакуваме многу спортска среќа и успех!