Пешачко-велоспипедската патека покрај Вардар подготвена за пролетна рекреација

Во соработка со ЈП ,,Комунална хигена” ја стартуваме акцијата за чистење на пешачко-велосипедска патека,  долж реката Вардар , како и чистење на отпадот на насипот покрај патеката во општината.

Целта ни е да направиме обид и да ја подигнеме јавната свест кај граѓаните кои ја користат патеката,  но и да потсетиме за одговорноста која сите ние ја имаме кон нашата планета.

Општината секојдневно, со својата расположлива механизација и човечки ресурси се обидува да го направи Ѓорче Петров почисто место за живеење. Но верувајте, неможеме да се бориме против несовесноста на граѓаните, кои пред се,  не се грижат за своето здравје.

Искрено се надеваме  дека следната година нема да има потреба општинските и службите на Комунална хигена да чистат на оваа локација

Единствен ефикасен начин за надминување на проблемот е повеќе работа, посветеност и соработка меѓу јавниот сектор, компаниите и граѓаните.  Да го дадеме својот придонес за намалување на загадувањето, што претставува голем проблем за луѓето и природата.

Искрено се надевам дека следната година нема да има потреба општинските и службите на Комунална хигена да чистат на оваа локација, бидејќи граѓаните ќе бидат свесни и нема да фрлаат ѓубре.