Отворени Забавни Фудбалски Школи-Ѓорче Петров 2019

Во рамки на соработката на Отворени Забавни Фудбалски Школи со општина Ѓорче Петров за 2019 година, на 8 и 9 Јуни, на стадионот на ФК Македонија ЃП, се реализира дводневни спортски активности со ученци од 1-во одделение од ООУ Д.П Беровски и ООу Мирче Ацев.

На спортски активносто учество земаа повеќе од 60 ученика од двете училишта , кои заедно со нивните родители, баби  и дедовци беа дел од спортските содржини кои беа подготвени за реализација од страна на тренерите на основните училишта. Поделени во 4 групи децата заедно со возрасните одлично се забавуваа и спортуваа, како едно ново искуство во реализација и промоција на спорт на сите генерации.

Настанот е именуван Внуци Спорт токму заради учеството на повозрасни лица, за кои сметавме дека ваква спортска активност им е неопходна за нивната физичка активност и подобрување на здравствената состојба, преку  игра и забава со своите внуци да уживаат и да поминат прекрасни моменти со младите генерации, кои ќе ги поттикнат во слободно време да практикуваат спорт. Спортот останува наша стратешка заложба а целта е да изградиме здрава младина со силен спортски дух

.