Отвараме нови можности за меѓународна соработка и развој.

Општина Ѓорче Петров стана дел од мрежата на Балканскиот Институт за одржлив развој. Во Софија,  заедно со општините Велес, Штип, Бутел и Гази Баба потпишавме Меморандум за соработка, преку кој очекуваме да ги зајакнеме конекциите со земјите од Европската Унија но и да ја унапредиме врската со Бугарија и Србија во делот  на урбаниот развој, инфраструктурата, економскиот развој, енергетска ефикасност и животна средина.

Со овој меморандум за соработка ќе воспоставиме меѓусебна соработка и развој на стратешки документи, студии анализи, соработка за аплицирање на европски и домашни фондови за финансирање на проекти, отворање на нови бизнис хоризонти, пренесување на знаења и искуства.

Општина Ѓорче Петров ги следи приоритетите на ЕУ, меѓу нив е и концептот базиран на принципите на одржлив развој. Со правилно искористување  на природното наследство обезбедуваме сигурна иднина за сите нас.