Осма седница на Советот-советнички прашања за критичните сообраќајни точки

Градоначалникот Александар Наумоски заедно со советниците на осмата седница на Советот на која беа поставувани советнички прашања дебатираа за актуелната состојба со зачестените сообраќајни незгоди на неколку критични точки во Ѓорче Петров.
Тие ја поздравија одлуката на Градот за поставување семафор кај училиштето “Мирче Ацев”, за што во неколку наврати општината апелираше, но и иницираше средби со релевантни страни. Градоначалникот и советниците се во очекување на реализација на проектот кој вклучува и заштитна ограда долж дел од тротоарот, а треба да биде завршен за околу две недели.
Се дискутираше и во насока на решавање на проблемот и на уште неколку места, меѓу кои кај училиштето “Ѓорче Петров”, како и кај подрачното “Димитар Поп Георгиев Беровски” во Хром. Предложени беа неколку можни решенија во најскоро време, меѓу кои тн.лежечки полицајци, зачестена сообраќајна контрола од страна на МВР, можеби нови семафори, но и огради на тротоарите кои ќе ги насочуваат граѓаните, особено децата кон пешачките премини.
Од советниците беа предложени и други сообраќајни идеи од кои оние што се во општинска надлежност веднаш ќе бидат земени в предвид, а за останатите општината ќе алармира до надлежните институции, се со цел да не се повторат немилите настани, да се зголеми безбедноста во сообраќајот, почитувањето на пешачките премини и намалувањето на брзината на возилата.