Осветлена улицата ” Воин Драшкоци” во Хром

После долги години мрак, конечно осветлена е улицата ” Воин Драшкоци” во Хром. Општинските служби кај подрачното училиште “Димитар Поп Георгиев Беровски” поставија пет нови столбови и 7 нови светилки, натриум 150 W, кои одговараат на највисоки стандарди за ваква улица.

Уличното осветлување во општина Ѓорче Петров го затекнавме во катастрофална состојба. Службите се постојано на терен за подобрување на ситуацијата и модернизација на уличното осветлување низ целата општина.