Општинска делегација на Ѓорче Петров во работна посета на Поважска Бистрица

Интензивирање на меѓународната соработка, размена на искуства, заеднички активности и проекти. Општинска делегација на Ѓорче Петров е во работна посета на збратимениот град од Словачка Република,  Поважска Бистрица.

Градоначалникот Александар Наумоски оствари средба  со градоначалникот Карол Јанас и општинската администрација. Тема на разговор беше продлабочување на соработката меѓу двете општини. При тоа,  разгледани беа можностите за заедничко аплицирање за проекти  од областа на зачувување на културното наследство и заштита на животната средина, финансирани од соодветни европски програми и фондови.