Општинска делегација во посета на Ириг, Војводина, Р.Србија

На покана на градоначалникот Стеван Казимировиќ, делегација на општина Ѓорче Петров  е во посета на општина Ириг во  Војводина, Република  Србија.

Целта на посетата е отпочнување на соработка помеѓу двете општини.

Во духот  на меѓусебната доверба и пријателство се разменија искуства  и идеи во повеќе области  од заеднички интерес , и тоа во делот на комуналните дејности, развој на туризмот и унапредување на винарството.