Општинска делагација во посета на Пирот: Подготвени сме за понатамошна соработка

Општинска делегација на Ѓорче Петров е во работна посета на Пирот, Република Србија. Градоначалникот Александар Наумоски оствари средба со својот колега Владан Васиќ со кого го отворија прашањето за продлабочување на соработката .

Идејата е да се разменат позитивни  искуства во делот на локалниот економски развој, меѓународни проекти, работа со проекти преку ЈавноПриватно Партнерство, соработка во рамки на прекугранични проекти и како до успешно користење на европските фондови.

,,Ценам дека од идната наша соработка бенефит ќе имаат жителите на општина Ѓорче Петров и градот Пирот” , истакна градоначалникот Наумоски.