Општина Ѓорче Петров успешно се справува со снегот

Зимската служба на терен. Интензивно се работи на расчистување на снегот и наносите настанати како последица на силниот ветер.

Со цел да се  спречи заледување на коловозот и тротоарите, во текот на ноќта и утрово, рачно и со цистерни се распрскуваше емулзија која го растопува снегот и на минусни температури.

Со полна пареа се работи и денеска. Се чисти со соодветна механизација, скип и соларка. Се расфрла сол, а сол рачно се нанесува и на точките ( автобуски постојки, пред јавните установи, гардики училишта, здравствените домови).

Во соработка со Град Скопје се расчистуваат главните сообраќајници а општинските служби работат во руралниот дел, Кучково, Грачани, Никиштани, Орман, Волково, Стопански Двор, Кисла Јабука.  Кризниот штаб обезбеди 24 часовна дежурна екипа која  се грижи за прооодноста на мостот кај ,,Даме Груев”.

За сега, сообраќајот се одвива нормално и без поголеми застои и проблеми.

Екипите на комуналната општинска служба остануваат на готовс.