Општина Ѓорче Петров преку заеднички активнсоти со Град Скопје за подобрување на животната средина

30 проценти поголем буџет за заштита на животната средина. За 2019-тата,  Град Скопје одвои 186 милиони денари за програмата и планот преку која со сет мерки ќе се подобрува животната средина. Општина Ѓорче Петров е во постојан контакт и координација со градот. Преку заеднички активности и заложби ќе дејствуваме во насока на заштитата на амбиенталниот возудх,  заштитата на почвите, отпадот, климатските промени, зеленилото,проекти од областа на животната средина и здравјето  и на луѓето.

Минатогодишниот буџет за животна средина на Град Скопје беше дотогаш најголемиот буџет издвоен за оваа намена. За 2019-та се предвидени 186,2 милиони денари што е 30% зголемување од минатата година, и со што се надминува ветувањето од 3,5% од вкупниот буџет посветен на животна  средина дадено пред изборите во 2017-та година