Општина Ѓорче Петров подготвена за зимски услови

Кризниот штаб подготвен за зимски услови. Во исчекување на првите врнежи од снег и минусните температури а во координација со претседателите на урбаните и месни заедници, полицијата и комуналната општинска служба, утврдивме динамички план со кој ќе се обезбеди олеснет пристап и движење во зимски услови. Покрај солта, за прв пат годинава обезбедивме поефикасна  емулзија/течност која ќе се распрскува по тротоарите и пешачките патеки за да не замрзнуваат и на температури пониски од  -15 целзиусови степени. Утврдени се кризните точки а екипите се подготвени за брза реакција. Определена е механизација,  зголемена е координацијата со Град Скопје како и службите на ЈСП, Македонија пат, ЈП Улици и патишта. Приоритет при одржувањето ќе имаат улиците кон здравствените установи, училишта, градинки. Во случај на неминовна потреба на зимска служба, општината е ангажира дополнителна механизација и работа рака. За поефикасна работа, Кризниот штаб упати апел во случај на снег, граѓаните да си ги чистат влезовите пред своите дворови со што би им ја олесниле работата на службите.