Општина Ѓорче Петров и оваа година распишува Јавен повик за ангажирање на лица во рамки на програмата Општинско – корисна работа.

Ангажираме 9 лица, од кои 8 лица за образовни асистенти и еден личен асистент.

Право на учество имаат сите невработени лица, а избраните кандидати работно ќе бидат ангажирани со скратено работно време, за што обезбеден е и надомест од 9000 денари со вклучен данок на доход и осигурување.