Општина Ѓорче Петров за прв пат доби свој Младински инфо центар

Младинските политики се во центарот на вниманието на општина Ѓорче Петров. Идните генерации се столбот на нашето општество и токму  затоа општината гo вложува сиот свој капацитет во актуелицирањето на младинските прашања и нивно активното вклучување во процесите на носење одлуки .

Денеска  во Домот на културата на општина Ѓорче Петров, градоначалникот Александар Наумоски потпиша Меморандум за соработка со Здружението на граѓани ЕВРО-СТАРТЕР-Скопје, при што свечено  го пушти во употреба Младинскиот инфо-центар  МИЦ.

Со тоа, општина Ѓорче Петров за прв пат доби свој Младински инфо центар,  чија координација ќе биде задача на ЕВРО СТАРТЕР.

Целта на Младинскиот инфо-центар е да се детектираат главните проблеми на младите кои живеат и гравитираат на територијата на општината,  да се увиди што може да се направи за нив но и што можат да понудат младите на општината.

 

Ова катче тука во Домот на културата треба  да ги јакне капацитетите на младите и невладините организации на територијата на општината преку: споделување информации за постоечките иницијативи за едукација, до-едукација и вработување, помагање во процесот на аплицирање на разни проекти и повици, вмрежување и стимулирање на создавање нови НВОа, обезбедување катче за младите и невладините организации, и организирање јавни дебати и настани.

 

Остануваме отворени и транспарентни но и исполнителни. Младинскиот инфо-центар заокружува уште една задача кој си ја зададовме пред година и половина.

 

На крајот од денот, се стремиме да создадеме половна клима за развој на младите во земјава.