Општина Ѓорче Петров една од трите на која НВО Хабитат ќе и изготви мапирање колку и како се троши електрична енегија во колективните згради

На само една недела откако општина Ѓорче Петров го отвори Младинскиот инфоцентар МИЦ, ги имаме првичните ефекти. Невладината Хабитат се вмрежува во овој систем на соработка меѓу институциите и граѓаните на територија на општина Ѓорче Петров.
Ја имаме привилегијата да сме една од трите општини заедно со Велес и Центар, на кои Хабитат ќе им изготви Акциски план за енергетска ефикасност, со што ќе имаме комплетна информација кој, како и колку троши топлинска и електрична енергија во колективните станбени згради на ниво на општина.
Стартуваме веднаш. Денеска ги имаме првите резултати во домен на енегретска ефикасност на станбените згради за домаќинства со ниски приходи.