Општина Ѓорче Петров го одбележа Светскиот ден на енергетската ефикасност

На Светскиот ден на енергетската ефикасност, Градоначалникот Александар Наумоски  ја посети градинката Росица , клон Калинка во Хром, чијшто објект е дел од проектот: поставување на фотонапонски панели и хибродни сончеви колектори како замена за производство на електрична енергија и топла вода. Јавната набавка е во тек. Следен ЕЕ проект кој општинта ќе го реализира е и промена на кровот во ООУ ,,Ѓорче Петров‘‘ во Дексион со што училиштето  ќе добие нов енергетски ефикасен кров. Следната седмица изведувачот ќе биде воведен во работа.

Предходно општината ги релаизраше следниве проекти кои се со предзнакот ЕЕ (енергетски ефикасни):

-Променети 3250 ЛЕД светилки во целата општина,

-Поставена е нов систем за загревање спортската сала во ООУ,,Тихомир Милошевски‘‘ со ЕЕ топлинска пумпа,

-Променет кров во ООУ,, Димитар Поп Георгиев-Беровски‘‘,

-Поставени ЛЕД светилки на сите влезови и излези во шестте училишта.

Заложбите на општинското раководство се зголемување на парковското зеленило и зелениот фонд во општината секаде каде што тоа е можно преку:

-Воведување на 20% зеленило во градежните парцели при носењето на ДУП-овите,

-При проектирањето на сите јавни објекти се запазуваат сите мерките за Енергетска Ефикасност  и се имплементираат еколошки системи за загревање.

Општината субвенционира и енергетски ефикасна фасада за стамбено домување со 30% од вредноста на проектот

Соочени со климатските промени, општина Ѓорче Петров свесно пристапува кон заштеда и користење на обновливите избори на енергија.

Размислувај глобално-делувај локално за наше Ѓорче, е мотото на кое општината безрезервно се приклучува.