Општина Ѓорче Петров во континуитет ги менува уличните светилки

По пријави на граѓаните и ноќните теренски проверки,  продолжуваме да го одржуваме системот за улично осветлување. Деновиве, интензивно се работи на менување светилки во Волково, Ново Село, Кисела Јабука и Орман.

Граѓаните треба да ја добијат услугата за која плаќаат. Остануваме посветени и се трудиме сите да добијат квалитетното јавно осветлување. Воедно, упатуваме апел до граѓаните навремено да ги пријавуваат проблемите  со електричната мрежа на уличното  осветлување, се со цел по дојавата веднаш да се дејствува на терен.