Општината ќе му помогне на Драги од Хром

Градоначалникот Александар Наумоски го посети Драги П. кој преку социјалните мрежи упати апел за помош од општина Ѓорче Петров. Тој живее сам во Хром, од социјална помош и тоа што ќе го заработи од продажбата на Рекорд.
Општината се понуди со помош со парични средства, дел од покуќнина која самиот ја истакна како најнеопходна во моментов, облека, но и медицински помагала, бидејќи тој е во сериозна здравствена состојба.
Драги ќе го посети и општинската социјална патролна служба, за да му помогне и да го насочи во однос на документацијата што треба да ја обезбеди за помош.
Сите физички и правни лица кои можат да му излезат во пресрет и саакат да му помогнат, може да се обратат во општината на телефонскиот број 2039-307.