Општината и доброволци целосно го реновираат станот на Венера

Општината, заедно со доброволци кои сакаа да се вклучат во акцијата, привршува со санирање на штетата од пожарот кој го зафати станот на Венера А.од Ѓорче Петров. Станот целосно ќе биде реконструиран и деновиве донесен во состојба за вселување. Во меѓувреме, неколку фирми и физички лица покажаа интерес да и помогнат на Венера во однос на опремување на станот со мебел и покуќнина. На Венера, која е самохрана мајка и привремено сместена кај роднини и пријатели, неодамна и дониравме и храна и облека за неа и нејзиното бебе. Како општина и се понудивме и за еднократна парична помош и побрзо обезбедување на документацијата која и е потребна по трагичниот настан. Исто така, и стоиме на располагање и за се она што во иднина и е потребно за подобар живот, а е во наша надлежност.