Општество без разлики, еднаквост за сите.

Големите компании ја поддржуваат идејата за општествена одговорност на Филозофскиот факултет. Halkbank AD Skopje организира хуманитарна забава за донирање на дидактички материјали во функција на унапредување на оптималниот ран детски развој на децата со посебни образовни потреби во детските градинки. Како заокружување на акцијата дидактичките материјали беа донирани во детската градинка „Росица“ во објектот,, Калинка” Општинa Ѓорче Петров. Присуствуваа Деканот на Филозофскиот Факултет-Скопје Проф. д- р Ратко Дуев , преставници од Институтот за Дефектологија, Халк Банка, Пертини.