ООУ Мирче Ацев домаќин на наставници и ученици од Малта, Шпанија и Грција

Општина Ѓорче Петров веќе трета година како е вклучена во Еразмус + програмата, проекти кои се директно финасирани од Европската Унија .

Основна цел на ваквите проекти  пред се е размена на меѓународни искуства преку студиски посети во европските земји на учениците и наставниците, подигнување на нивото на наставата како и културни придобивки.

Засега, во Еразмус + програмата, активно учествува основното училиште Мирче Ацев, кое овие 5 дена е домаќин на 18 наставници и ученици од Малта, Грција и Шпанија.

-Од октомври сме дел од проектот ,,Прераскажани приказни за јазичен и културен развој” денеска имаме гости и се запознаваме со културата и историјата на другите држави, но истовремено и ние ги запознаваме учениците и наставниците од Малта, Грција и Шпанија со нашата традиција и култура, вели Градоначалникот Александар Наумоски, кој денеска присуствуваше на интеркативниот час во ООУ Мирче Ацев.

Преку Еразмус + програмата  се развива меѓународната соработка, се поттикнува партнерството меѓу различните чинители во образованието, се зголемува флексибилноста и достапноста на формалното и неформалното образование.

Македонските образовни институции се повеќе се вклучуваат во европскиот образовен простор.

-Аплицирајте се повеќе прокети кои ни ги нудат европските пари. Да бидеме мудри и да ги искористиме средствата на Унијата кои ни се на располагање. Да го извлечеме максимумот . Ќе добиеме сите, а пред се учениците и наставниците. На дланка ви се нудат посети на европските земји. Бидете активни и следети ги кокурсите. Крајна цел ни е подигнување на степенот образовното ниво во општината, истакна Наумоски, кој ги следеше активностите на учениците и наставници од ООУ Мирче Ацев заедно со гостите од Малта, Шпанија и Грција.