Околу 400 првачиња во општина Ѓорче Петров ја почнаа учебната 2018/2019 година

За вкупно 411 првачиња од шест основни училишта во општина Ѓорче Петров денеска стартуваше новата учебна година.

За годинава, општината обезбеди здрава бесплатна ужинка за сите првачиња, како и една бесплатна еднодневна екскурзија за децата од одделенска настава.

-Задоволство ми е што во основното училиште “Мирче Ацев” од каде излегоа голем број успешни граѓани и амбасадори на нашата општина, присуствував на манифестацијата по повод првиот школски час. Како градоначалник и родител, горд сум што денеска видов плејада првачиња нетрпеливи да влезат во еден поинаков образовен свет и систем кој во иднина од нив ќе направи образовани, учени и чесни граѓани на нашето општество. Општинската администрација и јас лично ќе се заложам да ги имаат сите услови за успешна работа – рече градоначалникот Александар Наумоски.

Истовремено, тој им посака среќа на сите наши ученици и првачиња, добро здравје, успех, многу петки, насмевки, пријателства и убави денови!