Околу 2.000 дечиња неделава ќе заминат на еднодневна бесплатна екскурзија

Над 500 деца од одделенска настава од две основни училишта денеска беа испратени на еднодневна бесплатна ексурзија во местото Пеленица во близина на селото Драчево.

Трошоците се покриени од страна на општина Ѓорче Петров. Во текот на оваа недела на екскурзија ќе заминат и децата од одделенска настава од останатите четири училишта. На ваков начин, за околу 2.000 најмлади овозможуваме разновидност во едукативниот образовен систем и можност за запознавање со убавините на помалку населениот дел од Скопје кој изобилува со природа, но и генерално на нашата земја.

Општината неодамна обезбеди и бесплатна ужинка – за децата во класична настава, а за децата во продолжен престој – бесплатен појадок. Станува збор за сите ученици од од прво одделение од шесте основни училишта од Ѓорче Петров.