Од 19-ти ноември во функција канцеларија на УЈП во у.з.Ѓорче Петров

Од 19-ти ноември, до крај на годината стартува со работа канцеларијата на Управата за јавни приходи наменета за годишна даночна пријава која ќе биде отворена во урбаната заедница-Ѓорче Петров, поранешна очна амбуланта “Ленс”.

Целта е заеднички со УЈП да им олесниме на граѓаните на Ѓорче Петров да го избегнат метежот во Дирекцијата на УЈП при пополнувње на годишната даночна пријава за утврдување на персонален данок. Истата ќе функционира секој работен ден во текот на работното време, со можност за продолжување на времето, доколку има потреба.