Одржана 45-та седница на Советот на општина Ѓорче Петров

👉Советот на Општина Ѓорче Петров го усвои ребaлансот на Буџетот за 2020 година.

📌Се кратат средства за непродуктивни трошоци кои поради пандемијата со Ковид-19 не може да се искористат.

🚧 Истовремено се пренаменуваат средства за реализација на инфраструктурни проекти.

🖊Советниците го изгласаа и ДУП за Градска четврт СЗ 24, а зелено светло добија и годишните програми на основните училишта и градинката🏫.

Советот ги усвои следниве точки:

Предлог-Одлука за донесување Детален урбанистички план за Градска четврт СЗ 24, Блок СЗ 24.03, Општина Ѓорче Петров, Скопје;

Извештај за извршување на Буџетот на општина Ѓорче Петров за II (Втор) квартал од 2020 година;

Предлог-Измени и дополнување на Буџетот на општина Ѓорче Петров за 2020 година (Ребаланс);

Предлог-Одлука за методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок дотација на основните училишта на Општина Ѓорче Петров за 2020 година;

Предлог-Одлука за давање согласност на измена и дополнување на Годишен план за вработување за 2020 година;

Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на Јавната ОпштинскаУстанова за деца-детска градинка „Росица“ за 2021 година;

Предлог-Одлука за измена и дополнување на Програма за остварување на социјална, детска и здраствена заштита на Општина Ѓорче Петров за 2020 година;

Предлог-Одлука за измена и дополнување на Програма за активностите на Општина Ѓорче Петров од областа на културата и поддршка на невладиниот сектор  за 2020 година;

Предлог-Одлука за измена и дополнување на Програма во областа на спортот, рекреацијата и поддршката на невладинот сектор за 2020 година;

Предлог-Одлука за измена и дополнување на Програма од областа на образованието на Општина Ѓорче Петров за 2020 година;

Предлог-Одлука за измена и дополнување на Програма за предучилишно воспитание на Општина Ѓорче Петров за 2020 година;

Предлог-Одлука за измена и дополнување на Програма во областа на еднаквите  можности  на жените и мажите за 2020 година;

Предлог- Одлука за измена и дополнување на Програма за меѓународна соработка на општина Ѓорче Петров за 2020 година;

Предлог- Одлука за измена и дополнување на Програма за протоколарни активности и востановени традиционални активности на подрачјето на Општина Ѓорче Петров за 2020 година;

Предлог- Одлука за измена и дополнување на Одлука за Измена и дополнување на Програма за урбанистичко планирање „Ф“ за 2020 година;

Предлог-Одлука за измена и дополнување на Програма за комунални дејности за 2020 година;

Предлог- Одлука за измена и дополнување на Програма за локални патишта, сервисни и станбени улици на Општина Ѓорче Петров за 2020 година;

Предлог- Одлука за измена и дополнување на Програма за  Јавна чистота на Општина Ѓорче Петров за 2020 година;

Предлог-Одлука за измена и дополнување на Програма за изградба и одржување на јавни објекти на Општина Ѓорче Петров за 2020 година;

Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлука за измена и дополнување на Програма за животната средина и природата за 2020 година;

Предлог-Одлука за измена и дополнување на Програма за чист воздух на подрачјето на Општина Ѓорче Петров за 2020 година;

Предлог-Одлука за измена и дополнување на Програма за оддржување и развој на јавно осветлување на подрачјето на Општина Ѓорче Петров за 2020 година;

Предлог-Одлука за измена и дополнување на Програма за подршка на Локален Економски Развој на Општина Ѓорче Петров за 2020 година;

Предлог-Одлука за измена и дополнување на Програма за заштита, спасување и управување со кризи за 2020 година;

Предлог-Одлука за ко-финансирање на  проектот “Одржлив развој на општина Ѓорче Петров со транзиција кон одржливи извори на енергија и создавање услови за поголема партиципација на граѓаните на ниво на месни и урбани заедници”;

Предлог-Одлука за одобрување на исплата на финансиски средства на граѓани оштетени од поплвата која ја зафати територијата на општина Ѓорче Петров  на 20.06.2019 година;

Предлог- Одлука за прифаќање донација од КАМ ДОО Скопје;

Предлог-Одлука за донесување на техничка исправка ГП 2.71, ГП 2.72, ГП 2.73,  ГП 2.74, ГП 6.35  и ГП 6.36, ДУП за градска четврт СЗ 20, општина Ѓорче Петров-Скопје (Одлука бр.08-3187/3 од 01.10.2019год.) со технички бр.0801-03-11-2/17 од 08/2020

Предлог-Одлука за формирање на партиципативно тело од областа на урбанизмот на општина Ѓорче Петров

Предлог-одлука за техничка исправка на урбанистички план за ГП10.18 од ДУП Мирче Ацев 38 општина Ѓорче Петров донесен до Одлука број 07-733/3 од 10.07.2001 година;

Предлог-Годишен извештај за работа на основните училишта за учебната 2019/2020 година;

Предлог-Годишна програма за работа на основните училишта во учебната 2020/2021 година.