Одржана 27 седница на Советот на општина Ѓорче Петров

Инвестирајќи во спортот создаваме здрава младина и придонесуваме за промовирање на спортот и на општината на национално и меѓународно ниво.

Членовите на Советот на општина Ѓорче Петров на денешната 27-ма седница ги одобрија одлуките за доделување  финасиска помош на следниве спортски клубови :ФК „Македонија Ѓорче Петров 1932“; ФК „Волково 1964“-с.Волково, РК „Македонија Ѓорче Петров“-Скопје; РК „Ангели Вардар“-Волково, Скопје; Здружение Oдбојкарски Клуб „Ѓорче Петров – Волеј“-Скопје; Боксерски клуб „Десет Шеесет“ Скопје; Мото Клуб „Вардар“.

Едновремено, Советот ја усвои и 4 годишната програма за поставување на Урбана опрема на одредени локации во општината.