Одржана втората форумска сесија „Зајакнување на општинските совети“

Општина Ѓорче Петров  ги продолжува форумските сесии во рамки на Проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации – UNDP со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC.

На втората форумска сесија, одржана на 30.07.2020 година во дворот на општината, граѓаните организирани во  шест тематски работни групи ги презентираа своите проекти. Едногласно беа прифатени сите шест предлог-проекти кои преминуваат во следната фаза на изработка на целосна апликација,а ги  опфаќаат речиси сите сфери на општественото живеење:

1.Центар за стимулација и рана интервенција на деца со развојни

отстапувања,

  1. Центар за рекреативно спортување за сите,
  2. Дневен центар за престој на пензионери,
  3. Социјална инклузија на деца од ранливи категории преку

мултимедијални перформанси,

  1. Развој на туризмот во руралните делови на општина Ѓорче

Петров,

  1. Безбеден пристап до јавните воспитно-образовни установи,

При организација на втората форумска сесија, запазени беа сите здравствени протоколи, односно физичка дистанца, носење заштитни маски, користење средства за дезинфекција, со цел спречување на ширење на вирусот Ковид-19.  Контакт деталите на сите учесници на настанот ќе бидат споделени со соодветна здравствена институција, во случај на потреба.

Проектот, меѓу другото, има за цел да придонесе кон одговорни и транспарентни општински власти и активни и вклучени граѓани и граѓански сектор.  Максималниот износ на проектниот грант е 2.700.000 денари или 50.000 CHF.